(ВИДЕО) Расте бројот на загинатите во земјотресот, блиску 800. повредени

Најмалку 20 лица загинаа, а скоро 200 се повредени во силниот земјотрес што го погоди турскиот брег на Егејското Море, северно од грчкиот остров Самос. Меѓу жртвите на островот Самос има и двајца тинејџери. Уништени се повеќе од 20 згради. Од мало цунами поплавени се улиците во Измир.


АФАД наведува дека 196 земјотреси го следеле главниот удар, од кои 23 биле над четири степени.
Здравствениот центар за координација за време на вонредни ситуации (САКОМ) објавил дека загинале 20 лица, од кои едно е резултат на задушување, додека 786. се повредени.
Покрај тоа, екипите на Црвената полумесечина на тоа подрачје испратила 114.460 маски и 5.000 средства за дезинфекција.
Акцијата за потрага и спасување на заробени во дваесетина срушени или оштетени згради продолжува.


Момче и девојче, кои беа пронајдени во несвест под урнатините во градот Вати на островот Самос, починаа од повредите здобиени по земјотресот, соопштија службите за итни случаи.
Црквата и неколку други згради на островот Самос се сериозно оштетени, изјави градоначалникот на Самос, Николау Карловасу.
Земјотресот бил со јачина од околу 7. степени според Рихтеровата скала. Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил на околу 17. километри од покраината Измир, а тој бил почувствуван во Атина и Истанбул.
После тој земјотрес следеле уште два земјотреси со јачина од 4 9 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, на околу триесетина километри од познатото турско одморалиште Кушадаси.


Четири лица загинале, а 120 се повредени во Измир, пренесува весникот Хуријет.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека силината на ударот уништила шест згради во областите Борнова и Бајракли, и дека луѓето се заробени во урнатините.
70. лица биле спасени од урнатините, соопштија властите во Измир.
Градските власти ги предупредија граѓаните да не влегуваат во оштетени згради поради опасност од последователни земјотреси.
Според турскиот весник, градоначалникот на Измир тврди дека се урнати повеќе од 20. згради во тој град.
Исто така, неколку улици во Измир беа поплавени веднаш по земјотресот, што експертите го протолкуваа како „мало цунами“, пишува Дејли меил.

Грчките медиуми јавуваат дека уште осум лица биле повредени на Самос.
Црквата и неколку други згради на островот Самос се сериозно оштетени, изјави градоначалникот на Самос, Николау Карловасу.
Земјотресите се релативно чести во Турција.

ЕУ нуди помош, а Путин му пишал на Ердоган
Официјални претставници на ЕУ денеска изразија поддршка за Турција и Грција, кои беа погодени од силен земјотрес, и рекоа дека се подготвени да помогнат. „Моите мисли се со Грција и Турција. Ја следиме ситуацијата и подготвени сме да помогнеме на секој можен начин“, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Слични пораки беа напишани од претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, изразувајќи сочувство за жртвите на разорниот земјотрес во провинцијата Измир.

Мицотакис му изрази сочувство на Ердоган
По силниот земјотрес што се почувствува во двете земји, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и изрази сочувство.
Министрите за надворешни работи на земјите кои се расправаат околу сопственоста на потенцијалните ресурси на јаглеводороди во источниот дел на Средоземното Море, разговараа на телефон по земјотресот и рекоа дека се подготвени да си помагаат едни на други, беше објавено во Анкара.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …