(ВИДЕО) Посни стапчиња со семки: Нема да можете да се заситите!

Доколку сакате да направите некои грицкалки, а не знаете што, ви го донесуваме овој рецепт кој ќе ве воодушеви…
Потребно е:
300 мл вода
1 лажица шеќер
сусам и други семки (сончоглед, семки, лен, чиа)
50 мл масло
30 г квасец
400 – 500 г брашно
100 г маргарин
Подготовка:квасецот истопете го во малку млка вода, додајте шеќер, масло, брашно, сол и се’ убаво замесете, тестото да биде средно тврдо. Оставете на топло да стасува. Потоа на работна површина расукајте на дебелина на еден прст, поделете на половина, па една половина намачкајте со маргарин и поклопете со другата. Потоа повторно расукајте, исечете, поклопете и така четири пати, како што е прикажано во видеото.
Доколку ви е полесно не морате да сечете, само мачкајте и превиткувајте како хартија.
Расукајте на дебелина од 1 см. Намачкајте со доста кечап, а по површината наросете со семки…Сечете на тенки ленти со ширина до 1 см, виткајте и ставајте во плех кој сте го покриле со хартија за печење.
Печете на 200 степени, околу 20 – 30 минути, убаво да поцрвенат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 16.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика …