(ФОТО) Судбина: Случајно се нашол на нејзина фотографија а 11. години потоа се венчале!

Брачен пар вели дека нивната врска била „запишана во ѕвездите“, откако мажот се забележал себе на нејзина фотографија од пред 18. години, кога сеуште не се познавале.
Јо, кој денес има 35. години, и Ксуе во јуни 2000. година со своите семејства го посетиле Кјиндао во источна Кина. Денес се во брак пет години, а во тоа време биле тинејџери кои не се познавале.
Фотографијата ја прикажува младата Ксуе во бел фустн, додека во позадина е момчето кое подоцна ќе стане нејзин сопруг. Јо вели дека веднаш се препознал на фотографијата, бидејќи и’ тој имал иста која настанала на ист ден и на истото место.
„Кога ја видов фотографијата бев изненаден и се наежив. Тоа беше моја поза за сликање“ рекол за Sina News и додал дека и самиот се фотографирал на истото место и објавил фотографија на социјалните мрежи, во поза но од друг агол.
Јо кој денес е татко на близначки, рекол дека биле кај нејзините родители кога гледале стари фотографии од неговата сопруга за да видат на кого децата повеќе наликуаваат. Тогаш се видел себе во аголот на фотографијата и возбудено викнал дека тоа е он.

„Знаев дека и мојата сопруга била во Кјиндао на одмор, но останавме на тоа дека не сме се познавале“ рекол објаснувајќи дека се наежил кога ја видел фотографијата.


Двојката која се запознала во 2011. и се венчал една година подоцна, вели дека и двајцата биле многу изненадени, но и среќни, верувајќи дека нивната врска е судбинска.
„Мојата сопруга вели дека не знам да бидам романтичен. Ќе и покажам романтика“ рекол Јо кој фотографиите ги објавил на социјалните мрежи а тие станале вирални.

„Се чини дека Кјиндао е навистина еден од посебните градови (за нас)“ рекол Јо.
„Кога децата ќе пораснат повторно ќе го посетиме Кјиндао и целото семејство ќе се фотографира на истото место“, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …