(ВИДЕО+ФОТО) Италијански полнети кроасани Сочна сланинка и многу кашкавал!

Одлични за појадок, вечера или ужина…
Состојки: тесто за пица или листесто тесто, тенко сечена сланина, 4 јајца, шоља рендан кашкавал, малку сечкан магдонос, сол, црн пипер, жолчка за мачкање.
Подготовка: во сад искршете ги јајцата, додајте рендан кашкавал, магдонос, сол и црн пипер. Изматете со жица па испржете како мека кајгана.
Тестото исечете го на триаголници.
Покрај долгите страни ставете по една кришка сланина,а на покусата по 1 лажица од испржената смеса со јајца.
Завиткајте како кроасани и намачкајте со изматена жолчка.
Наредете на плех покриен со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 12 минути, внимавајте на времето да не ви изгорат.
Ќе уживате во одличниот вкус на сланината, мекото тесто и кашкавал кој се развлекува.


Cornettini brunch

Cornettini brunch! Il mix perfetto! 🙂


Posted by ChefClub Italia on Mittwoch, 14. März 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …