(ВИДЕО) Александар Ицов го претстави најновиот проект: Инструменталната „Николова единаесетка“

За Александар Ицов од Радовиш, свирење на хармоника, кавал, гајда, зурла и тамбура не преставува никаков проблем, а бидејќи е професорот по музичка уметност одлично ги владее овие пет инструменти и’ неслучајно го носи епитетот мулти-инструменталист…
„Свирам на пет инструменти, а сето тоа го имам документирано и со снимки на претходни ора. Во едното од ората свирам гајда, потоа тука е и традиционалниот инструмент кавал во друго оро, а сега и најновото кое го презентираме со хармоника , без традиционални инструменти“, вели Александар.
Неодамна Александар го реализираше најновиот видео запис во соработка со „ИН продукција“ за својата најнова инструменталка “Николова единаеска” , која е посветена за неговото синче.
„Станува збор за ритам единаесет осмински, брз и весел. Можам да кажам поразлично од претходните ора. Да оставиме на публиката да ја даде својата оценка за оваа моја нова инструменталка“, вели Александар.
Александар за наредната година најавува издавање на свој прв албум на кој ќе се најдат сите негови досегашни и нови инструменталки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …