(ВИДЕО) Полицајка физички заштитила дете од налет на автомобил на пешачки премин

Благодарение на надзорната камерата можеме да бидеме сведоци на херојскиот чин на полицајка.
Благодарение на нејзината пожртвуваност и рефлекси, полицајката од Мериленд, Анет Гудјер го спасила детето од налет на автомобил. „Не носат сите херои наметки, некои од нив носат и кабаница“, пишуваат многу медиуми за херојскиот чин на полицајката.
Како што се гледа на снимката, полицајката во последен момент забележала автомобил кој возел брзо. Имала доволно време да го одведе ученикот на безбедно.
За жал, потегот ја довел во опасност и автомобилот удрил во неа. Неколку минути по ударот, полицајката станала. Таа била пренесена во болница, каде и биле констатирани само полесни повреди, па веднаш била пуштена.
„Со аголот на моето око видов само заматување“, изјавила полицајката Гудјер за The Washington Post.


Судејќи по снимката, возачот не ја прилагодил брзината, па бил принуден нагло да ја притисне сопирачката. Тркалата се блокирале и автомобилот буквално се лизнал до зебрата, удирајќи ја полицајката. На видеото се гледа дека возачот излегол од автомобилот и веднаш тргнал да ги провери полицајката и детето.
Иако се работи за немил настан во кој, за среќа, нема посериозно повредени, возачот добил повеќе сообраќајни прекршоци, меѓу кои и несовесно возење.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …