(ВИДЕО) ПОБЕДНИЦИ НА ЕВРОВИЗИЈА 2022: Ова се натпреварувачите кои ги воодушевија и’ жирито и’ публиката со тотално РАЗЛИЧНИ изведби

Во драматичното финале на Евровизија имавме можност да видиме вистински спектакли на сцената
Откако беа откриени гласовите на жирито и публиката во финалето на Евровизија, Украина беше прогласена за победник.
Сите пет фаворити за победник ја оправдаа довербата на публиката и ги зазедоа првите позиции на овогодинешната Евровизија, а кои се претставниците кои ги зазедоа првите три места и како изгледаа нивните настапи, можете да прочитате и погледнете во продолжение.

Прво место – Украина
Претставници на Украина беа оркестарот Калуш со песната „Стефанија“. Тие беа јасни победници и на жирито и на публиката. Публиката им додели неверојатни 439. поени, додека од жирито добија 283. поени.
Членовите на оркестарот Калуш на прес-конференцијата по победата на Евровизија истакнаа дека во минатото важеле за главни фаворити за победа, но дека тоа не било поради војната.
Како што рече главниот пејач на овој бенд, Олег Псијук, според прогнозите, оркестарот Калуш бил меѓу омилените и пред да избие војната.
„Во последно време песната ‘Стефанија’ е број еден според прогнозите на Евровизија. Но, и пред да избие војната во Украина, таа беше во првите пет фаворити. Во последно време многу уживав затоа што ја слушав во различни земји што ги посетивме“, истакнал тој.


Второ место – Обединетото Кралство
Претставник на Обединетото Кралство беше тиктокерот Сем Рајдер со песната „Space Man“. Да се прашуваше само жирито, ова момче ќе беше победник на овогодинешната Евровизија, бидејќи од нив доби 283. поени. На публиката и се допадна (183 гласа), но недоволно за да добие доволно поени за да ја престигне Украина.
Поранешниот 32-годишен градежен работник веќе беше огромна сензација на TikTok пред натпреварот, а ѕвездите како Алиша Кис, Сија и Џастин Бибер ги споделија неговите снимки и позитивно ги коментираа.


Трето место – Шпанија
Претставник на Шпанија беше занесната Шанел Тереро со песната „SloMo“. Нејзиниот атрактивен настап ја фрли публиката во еуфорија и го подигна нивото на енергија низ целата сала. Шанел имаше подеднакво голема поддршка и’ од публиката и’ од жирито. Таа доби 231. поен од жирито, а публиката ја награди со 228. поени.
Шанел Тереро (31) е танчерка и актерка која има работено во неколку сценски продукции во Шпанија.
Шанел глумеше во бројни серии кои се емитуваа на шпанската телевизија. Таа, исто така, го красеше филмското платно, како дел од актерската екипа на El Rei del Habana, филм на Агусти Вилароне.
Сепак, и покрај се, зад неа е тежок период. Таа во изјава за еден светски портал откри како реагирала на критиките за кои вели дека биле секојдневни.
„Понекогаш наутро се будев плачејќи, бев беспомошна“, вели таа. Рекла и дека сфатила дека менталното здравје и емоционалната интелигенција се најважни.
– Научив да се ценам себеси без разлика на мислењето на другите, дали позитивно или негативно. Ако нешто не ви се допаѓа, не мора да го слушате, но не треба да се обидувате да го уништите – додала таа.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …