(ВИДЕО+ФОТО) Девојка добила „СТАРЕЧКИ РАЦЕ“ на 28 години: Се’ започнало кога ја добила БОЛЕСТА која ја имаат многумина во Македонија

Жената ја задевале затоа што има „раце на баба“ иако има 28 години, но има причина зошто кожата на Лорен Бел изгледа старо – а и многу други завршија со истиот проблем
„Јас сум дизајнер и работам многу со моите раце. Без разлика дали сум на работилници или правам групни проекти, луѓето секогаш коментираат: ‘Зошто твоите раце изгледаат така?’“, ја започнала својата приказна Лорен Бел.
Кожата на Лорен станала збрчкана поради егзема и долгогодишното користење на стероидни креми за ублажување на симптомите. Еден од несаканите ефекти на топичните стероидни креми наведени од NHS е истенчувањето на кожата.
Лорен изјавила: „Како дете имав егзема, па долго време користев стероидни креми. Јас би ги користела на моите раце и шаки. Како дете користев креми со стероиди, но во последните три до четири години ги користев на секои неколку недели. Ако престанам да ги користам, рацете би ми се разгореле и би ми препишале појак крем, што е циклус во кој повеќето луѓе се заробени“.

This image has an empty alt attribute; its file name is devojka-so-race-na-starica-1.jpg


„Лорен во последните неколку години забележала дека кожата на нејзините раце почнала да се менува.
„Стероидните креми предизвикаа цела низа нешта – стареење на кожата, чувствителност на сонце и влошување на симптомите на егзема“.

@cosi_care I have wise old hands 🥲 can you guess where I used steroid creams for years?! #TSW #steroiduse ♬ original sound – keísha


Лорен одлучила да престане да користи топикални стероидни креми, за кои рекла дека предизвикуваат зависност. Некои заболени од егзема им го свртуваат грбот на своите стероидни креми по долгогодишна употреба, откривајќи дека тие повеќе не делуваат толку добро.
Лорен рекла дека забележала „огромна разлика“ откако ги исфрлила стероидните креми и користела поприроден пристап кон егземата.

This image has an empty alt attribute; its file name is devojka-so-race-na-starica-2.jpg


„Шеснаесет месеци без употреба, мојата кожа речиси се врати во нормала, освен моите раце. Го гледате ефектот на предвременото стареење, но тоа треба да се промени со текот на времето сега кога веќе не користам креми“.
Лорен ги покривала шаките со долги ракави во обид да ги сокрие.
Но, сега таа ја прифатила својата „остарена кожа“ и повеќе не се чувствува како „изрод“ бидејќи за тоа отворено зборувала на TikTok. Лорен рекла: „Направив видео на TikTok, не сфаќав колку луѓе страдаат од истата несигурност“.
Денес таа ги охрабрува сите со своите видеа и споделува совети како да се изборите против егземата на поприроден начин.

Фото: Принтскрин/Tiktok/cosi_care

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …