(ВИДЕО) По победата на Украина, коментаторот на Евросонг скока од радост низ скривницата

Екипата на украинската телевизија направила импровизирано студио во скривницата за преносите од Торино, а Мирошченко добро се снашол без оглед на околностите.

Големата победа на Украина на синоќешната Евровизија беше проследена со посебно внимание во Украина.
Тамошната државна телевизија го емитуваше натпреварот, кој го коментираше Тимур Мирошченко, кој се наоѓаше во засолниште од кое коментираше што се случува на сцената во Торино.
Кога беше објавено дека публиката на Украина ѝ дала неверојатни 439 поени и дека победила на Евровизија, Мирошченко не можеше да ја сокрие радоста. На TikTok се појави снимка од неговата реакција и јасно е дека бил во транс од среќа што Украина добила таква поддршка од Европа.


@eurovision.by.kseniia That’s how all Ukrainians felt today😭 #ukraine #eurovision2022 #eurovision #saveukraine #supportukraine #kalushorchestra ♬ Stefania (Kalush Orchestra) – KALUSH

Екипата на украинската телевизија направила импровизирано студио во скривницата за преносите од Торино, а Мирошченко добро се снашол без оглед на околностите.


Фото: Принтскрин/Twitter/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Нова трансформација – Актерката од серијата „Сексот и градот“ е речиси непрепознатлива, за се се виновни естетските зафати

Ким Катрал ја глумеше Саманта во култната серија „Сексот и градот“ и благодарение на таа …