(ВИДЕО) Платил повеќе од 400. долари да дознае зошто кучето му куца па открил дека само се преправа за да се солидаризира со сопственикот

Расел Џонс сподели во Фејсбук групата Lurcher Link Rescue споделил симпатично, но истовремено смешно видео во кое можете да го видите неговото куче Бил како куца додека оди покрај него, имитирајќи го откако ја скршил ногата и заврши на патерици.
Џонс признал дека не знаел дека кучето се преправа дека има болна нога и го однел на ветеринар за да утврди што му предизвикува болка, пишува Bored Panda.


„Потрошив 400 долари на сметката за преглед кај ветеринарот и ренген за да дознаам дека Бил се солидаризираше со мене на тој начин“, рекол тој.
На видеото може да се види дека Бил шета со подигната шепа за да се солидаризира со неговиот сопственик.
Бројни коментатори заклучиле дека ова е доказ дека кучињата имаат поголема емпатија од некои луѓе, а видеото стана вирален хит за само неколку дена и собра повеќе од 17 000 лајкови.

Фото: Скриншот/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …