(ВИДЕО) Пијана жена со Нисан „избришала“ бензинска пумпа и полетала – возела две малечки деца!

Надзорните камери забележале ужасна несреќа во која за среќа никој не загинал.
Несреќата се случила во калифорнискиот град Церес кога 23. годишна жена со Нисан „прелетала“ низ бензинска пумпа и зафатил една од бензинските пумпи. Ударот бил толку силен што надземниот дел од пумпата целосно паднал, а Нисанот полетал во воздух.
Утврдено е дека жената била под дејство на алкохол и била обвинета, меѓу другото, и за возење под дејство на опијати. А, бидејќи ги возела своите две малолетни деца во моментот на судирот, таа исто така била обвинета дека ги довела децата во опасност и затоа била лишена од слобода.


На снимката се гледа дека во судирот избувнал и пожар, но благодарение на безбедносниот систем со автоматски вентили за прекинување на снабдувањето со гориво, избегната е голема несреќа и потенцијална експлозија. Логично, Nissan Maxima претрпела значителна штета и може да биде отпишан.
Среќа во несреќата е што непосредно пред судирот, останатите корисници заминале и може да се види како бегаат по судирот. За настанот повеќе можете да дознаете во видеото подолу:


Фото: Принтскрин/Facebook, YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Новиот Samsung Galaxy A55 5G и неговите извонредни перформанси!

Со телефонот Galaxy A55 5G од последната Galaxy линија која Samsung неодамна ја претстави, уште …