(ВИДЕО) НЕОБИЧНО ИМЕ – Луѓето не веруваат какво име му дале родителите на својот син: Кутрото дете мора да живее со тоа!

За секој родител неговото дете е посебно, па многу месеци смислува име за синот или ќерката.
И додека некои се одлучуваат за популарни или традиционални имиња, други сакаат нивното дете да носи име кое е уникатно и посебно.
Сепак, треба да се биде внимателен и да не се претера бидејќи името е нешто што може да го одбележи животот на детето.
Се чинеше дека ова не ја загрижило младата мајка Британи Дејвисон, која својот син го нарекла Севен Симба (seven аng. – седум).

@adacometbritt #boysnames #nameideas #boys #babytok #ftm ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show


Бритами е популарна на TikTok, а токму на таа социјална мрежа најмногу била критикувана поради името што го дала на своето дете.
Британи тогаш признала дека размислувала и да го смени името на детето, но се откажала. Таа рекла дека ќе му дозволи на нејзиниот син сам да го промени ако не му се допадне штом порасне.
„Седум е значаен број во нашите животи, па едноставно ни беше логично. Им се допаѓа и на мојот сопруг и неговите други деца. Седум може еден ден кога ќе порасне да го смени!“, објаснила Британи како дошло до тоа нејзиниот син да добие и носи необично име.
„Нема шанси твојот син да се вика Севен Симба“, „Мора да се шегуваш. Дали е тоа сериозно???“, „Ужасно име“, „Кутрото дете треба да живее со тоа име до крајот на својот живот“, „И ќе се запрашате зошто го менува името во Стивен кога ќе наполни 18. години“, имало низа негативни реакции за името Севен Симба.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …