(ВИДЕО) На маж му отстраниле дел од тироидната жлезда откако луѓето забележале дека има јазол на вратот

Корисник на „Тикток“, претставувајќи се како Seattle Tech Bro, на 11. мај на својот профил на ТикТок објавил видео на кое зборува за финансиите, но корисниците забележале нешто друго, а тоа била грутка на неговиот врат. Во коментарите му дале до знаење дека тироидната жлезда му е отечена и дека треба да посети лекар.

@seattletechbroMinus the shorts this was a pretty reasonable day! What are you curious about? #finance #techtok #honeycrispapples 😂


♬ original sound – Seattle Tech Bro


По загрижувачките коментари, човекот го посетил својот лекар и му бил дијагностициран рак на тироидната жлезда.
„Имав две опции. Можев да ја отстранам целата тироидна жлезда или само делот погоден од ракот”, рекол тој, откривајќи дека го избрал второто.
Сега се опоравува и истакнува дека има потешкотии да зборува, поради што поретко ќе објавува содржини на Тикток.

@seattletechbroso yeah that was a wild experience #cancer #tiktok


♬ original sound – Seattle Tech Bro

Тироидната жлезда е жлезда која обично е обвиткана околу душникот и произведува хормони кои го регулираат метаболизмот во телото, бројот на отчукувањата на срцето, температурата на телото и нивото на калциум, наведува The Cancer Treatment Centers of America (CTCA).
Според CTCA, ракот на тироидната жлезда нема многу симптоми во раните фази. Некои од нив се отечена жлезда во вратот, засипнатост, замор и кашлица која не исчезнува. Иако 25. од 100. луѓе имаат јазол на тироидната жлезда, само пет проценти од случаите излегува дека се малигни.
Ракот на тироидната жлезда денес се лекува многу добро и повеќето пациенти нормално се враќаат во живот со хормонални додатоци.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …