КАКО Е ТОА МОЖНО – Му велеле дека има чир на желудник, дури после седум години сфатиле дека дијагнозата е многу полоша!

По неколку тестови, лекарите рекле дека има рефлукс и чир на желудник и дека се’ ќе биде добро, но бидејќи симптомите не исчезнале, туку напротив, се влошувале, тој одлучил да оди на уште неколку прегледи.
Метју Бест, 39-годишник од Бризбејн, Австралија, со години страдал од болки во стомакот и никој не можеше да му помогне или да ја открие вистинската дијагноза. По неколку тестови, лекарите рекле дека има рефлукс и чир на желудник и дека се’ ќе биде добро, но бидејќи симптомите не исчезнале, туку напротив, се влошувале, тој одлучи да оди на уште неколку прегледи.
Следната дијагноза била анемија и третман на истата. Мет живеел здрав живот, колку што можел со оглед на болката во стомакот што не престанувала. Седум години овој млад човек живеел со сериозна болест без никој да може да ја открие. Дури во 2018. година, по колоноскопија, лекарите утврдиле дека има тумор во дебелото црево, со големина од околу 10 сантиметри и веќе е во фаза 3. Се раширил низ ткивото и ги обвиткал цревата, а Мет вели дека останал во шок по таа реченица и не можел ништо да каже, и имал безброј прашања во главата.


За жал, раните симптоми на рак на дебелото црево често се појавуваат во форма на некои секојдневни заболувања, како што е анемијата, што го отежнува откривањето на таква сериозна дијагноза.
Мет бил подложен на операција, шест месеци одел на хемотерапија што предизвикувало гадење и исцрпеност, и периферна невропатија – некои екстремитети ќе болат или ќе се вкочанат – но по долга борба, тој успешно се излекувал и бил подложен на редовни колоноскопии за да се исклучи растот на нови тумори.


 

„Тоа беше чудно патување и мешавина од чудни емоции. Никогаш не сум почувствувал толку голема поддршка во животот и искрено сум им благодарен на сите членови на семејството и пријателите. Мислам дека треба да ја подигнам свеста за оваа опасна болест која убива 5.255 Австралијци секоја година, или околу 101 лице. неделно. Ако имате впечаток дека нешто не е во ред, одете на лекар“, вели тој за Daily Mail.


Фото: Принтскрин/Matthew Best

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …