Науката докажала: ЃУМБИРОТ против менструални болки

Многу студии докажале дека ѓумбирот е идеален во борбата против менструалните болки.
Истражувањето за влијанието на ѓумбирот врз болката предизвикана од менструацијата се спроведува веќе неколку години, а најголемиот број студии го потврдија тоа.
Во 2016. година биле анализирани резултатите од голем број експерименти и било утврдено дека дури и една четвртина лажичка ѓумбир во прав, три пати на ден, може да го намали интензитетот на болката до 80. проценти.


Исто така, докажано е дека ѓумбирот може да помогне при обилно менструално крварење.
За целите на оваа студија, дневната доза на ѓумбир била 750 мг, а учесниците во студијата го земале или во првите три дена од менструацијата или, дополнително, два дена пред почетокот на крварењето.
Во двата случаи, испитаниците биле следени три месеци и конечно било откриено драматично намалување на количината на менструалната крв.
Од друга страна, треба да се има предвид дека ѓумбирот помага многу помалку кога причината за болката во долниот дел на стомакот не е менструалното крварење, туку ендометриозата или интраутерините фиброиди.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …