(ВИДЕО) Музички дуели – Слаткар повторно „распалил“ по Панчо:„Луѓе како него мора да исчезнат“ – се чека реакција!

Наместо да се трудат македонската музичка сцена да стане побогата, да имаме повеќе песни со милионски прегледи, македонските музичари меѓусебно си „забиваат нож во грб“. Ривалството и препукувањето помеѓу Панчо од „ДНК“ и Слаткар продолжува…
„2Бона“ и Слаткар овие денови се најактуелни на македонската музичка сцена откако нивната најнова песна „Дијаманти“ стигна до 1,100,000 прегледи за само две недели.
Причината за гостувањето во „Ексклузив“ на 1ТВ беше токму таа, а младите момци „2Бона“ најавија и спектакуларна соработка со познатата пејачка Елена Китиќ. Иако нивното исценирано доцнење беше премногу наивно и детски испланирано па на моменти и смешно…


Но, освен тоа тие потенцираа дека јавноста нема видено песна каква што тие подготвуваат, па останува да видиме за какво чудо станува збор.Особено што ќерката на фолк пејачот Миле Китиќ беше претставена како мега ѕвезда…
„’Дијамант(И)’ не направија популарни. Голема благодарност до нашата вечна инспирација и идол Марче Слаткаристика што ни помогна да стасаме до 200.000 (ОРГАНСКИ) прегледи“, велат момците од „2Бона“.
Во текот на средата раперот Панчо од дуото „ДНК“, „ги испровоцирал” Слаткар и „2Бона“ велејќи дека нивните прегледи на “Youtube” се лажни!
На ова Слаткар реагираше навистина бурно, па дури употреби и погрдни зборови! Во продолжение погледнете за што станува збор:


Извор: 1тв.мк


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај, настапува на официјалното затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија

На 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и …