(ФОТО) Амал на вечерата кај принцот Чарлс како грчка Божица!

Со долгата црна коса и комплетниот стајлинг многумина ги потсетил на грчка божица.
Во Бакингемската палата во средата се одржала свечана вечера во организација на принцот Чарлс, а во чест на неговата фондација „Prince’s Trust“.


На истата присуствувале членови од кралските семејства, но и пријатели на принцот. Меѓу нив биле и актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, која со својата појава го украла вниманието на медиумите.


Амал се појавила во долг бел фустан со набори. Во горниот дел има асиметричен плашт, кој паѓа преку едната рака, додека на другата има златен ракав.

Со долгата црна коса и комплетниот стајлинг многумина ги потсетил на грчка божица. Инаку, креацијата е дело на Стефан Роланд, но од 2007 година. Се работи за дизајн од висока мода, создаден за брендот „Жан Луј Шерер“.

На забавата присуствувале и актерите Џош Хартнет, Бенедикт Камбербаџ, Лук Еванс и други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …