(ВИДЕО+ФОТО) Човек од збор: Голем гест на Ѓоко Ѓорчев кон Киро Богевски!

Долги години нашиот „Том Џонс“ ја истакнува соработката помеѓу него и винаријата „Бовин“, пријателство кое трае со децении…но сега се чини дека Ѓорчев нашол начин да се оддолжи на неговите пријатели…

По успешниот концерт во МОБ во октомври, Ѓоко Ѓорчев ја продолжува својата љубовно-музичка авантура…Големиот вљубеник во музиката не престанува да работи и твори па сега подготвува неколку проекти…
Прво ќе се случи снимањето на спотот за темата „Фантом во операта“ која ја изведува со Кристина Палија. Но, оваа песна е омилена на неговиот долгогодишен пријател и соработник Киро Богевски, од „Бовин“.


Па сега Ѓорчев ќе сними спот со специјална посвета на својот пријател и соработник, добар познавач на музиката – Киро Богевски.Спотот ќе го режира познатиот македонски режисер Миле Гроздановски а локациите се засега тајна за да не се открие изенадувањето


Но, Ѓорчев не застанува тука…Подготвува дует за песната „Shallow“ која се закити со Оскар, а ќе ја испее со Кате од „Соната“…
И, како за трета вест од денешниот дневник за Ѓоко Ѓорчев, но не помалку значајна, на 9. мај во „Антон Панов“ во Струмица, ќе одржи солистички концерт…


По успехот во Македонска опера и балет во октомври, Ѓорчев овојпат ќе настапи пред струмичани. Единствен сигурен госитн кој го најавува е Трифун Костовски, а едно име на позната југословенска пејачка се држи во тајност…Но, која и да е сигурно одлично ќе се вклопи во тоа што на својот репертоар го има Ѓоко Ѓорчев.

Дотогаш ни останува да уживаме во неговите песни, најавениот спот за „Фантом во операта“ посветен на Киро Богевски од „Бовин“ и слаткото исчекување на концертот на 9. мај, денот на победата над Фашизмот, но веруваме и ден за нова победа на Ѓоко Ѓорчев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …