(ВИДЕО+ФОТО) „Полицаец“ загинал при пад на авион, а потоа се открила вистината: Никој не знаел за двојниот живот на врвниот измамник

Животот на Џордан Арон наликува на холивудски филм…Бил пример за другите додека не загинал во пад на „Цесна“ кога клопчето почнало да се одмотува и с еоткрило дека водел двоен живот…
Џордан Арон бил сопственик на суши ресторан во Карсон Сити. Антонио Пастини некогаш бил полицаец во Чикаго кој се спријателил со сомнителни лица. На крајот било утврдено дека станува збор за истата личност.
Џордан (или Антонио) користел две имиња и два броја на социјално осигурување. Имал и неколку возачки дозволи и банкарски сметки.


Една од неговите четири поранешни жени вели дека тој имал повеќе идентитети за да ги скрие парите, поради што сметала дека имал проблеми со законот. Овој Американец веројатно би живеел мирно до крајот на животот како Тони Пастини да не погинел на 3. февруари во округот Оринџ, при пад нa “Цесна”.
На местото на несреќата била пронајдена и полициска значка, меѓутоа, тогаш клопчето започнало да се одмотува. Било утврдено дека Тони никогаш не бил полицаец – значката која ја користел била пријавена како исчезната во дамешната 1978. година.


Секогаш зборувал за полициската служба, а во неговиот ресторан доаѓале многу полицајци. Гери Вилис кој бил во сродство со Пастини тврдел дека тој бил „вистински полицаец” и дека имал совршено добри причини да го промени своето име, меѓутоа истите не ги навел.
Кога Тони Пастини го отворил ланецот на ресторани кон почетокот на 90.ттите во Невада, отворено се фалел со своето полициско минато. Тој велел дека бил детектив и дека се пензионирал по 17. години работа во полицијата во Чикаго. Тони и’ за еден весник изјавил дека бил стациониран во Јапонија како маринец, што било негирано од страна на морнаричките власти.

Во 90.ттите години, го запознал Денис Хофа, сопственик на легални бордели во Невада, пред да стане познат благодарение на емисијата за неговите јавни куќи и кампањите за државниот парламент во кој освоил гласови пред да почине.
До 70.ттите години имал бензинска пумпа, шлепер и стерео компанија. Исто така, неговата приказна и понатаму е полна со непознати детали, а единствената личноста која знаела се’ погинала кон почетокот на февруари во „Цесна”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …