„Имам нов филм, се вика ‘Unhinged’. Јас не се заебавам со вас. Се вика ‘Unhinged’и ќе биде во кината.Тргнете“
Иако критичарите го нарекоа неговиот нов филм „Unhinged“ (кај нас во најава како „Вон контрола“, во слободен превод – „Исчашен“) „негледлив“ и „непотребно непријатен“, славниот австралиски актер Расел Кроу може да биде новиот херој што ја враќа публиката во кината по карантинот.
Под нормални околности, „Unhinged“ би бил бргу заборавен, но сега делува како светло во темнината на пандемискиот свет, можност едноставно да ги пренасочиме нашите мисли од мрачната реалност во кино и филм. И Кроу го знае тоа.
Кроу знае, пишува „Гардијан“, дека не направил филм со кој ќе се добие Оскар, но сепак тој се осмелува да ја покани публиката да го гледа во темнината на кината на многу оригинален начин. Американската пред се, од каде треба да започне филмот, и ако кината повторно започнат со работа во Америка, ќе проработат и во поголемиот дел од светот, дури и кај нас.
На почетокот на видео клипот, Кроу ги поканува луѓето во кината со интонација што потсетува на домаќините во Оскар.
„Тие велат дека суштината на кино искуството може да се објасни со зборот: катализатор. Социјален договор. Поврзување. Динамична сила што го трансформира кинематското искуство, што го прави зона во која нашата интимност се спојува со филмското платно и небото“.
После кратка пауза, тој повторува: „Тие велат“, а потоа намигнува и, излегувајќи од улогата на презентер на Оскарите, продолжува:
„Но, кои се тие? Некои претенциозни кретени кои се обидуваат да уринираат во џеб велејќи дека врне. Ма, за**и го тоа ср**е “
You know those days when you’ve done a bunch of promo, station identifications, shout outs and answered the same questions over and over and you think to yourself … let’s just have a bit of fun now #Unhinged pic.twitter.com/s3WfPK6Gv8
— Russell Crowe (@russellcrowe) August 17, 2020
Потоа гледаме трејлер за филмот во кој Кроу нешто негодува, вози разни автомобили и, според се судејќи, убива луѓе.
Потоа повторно се обраќа пред публиката и ги искажува зборовите од почетокот на овој текст:
„Имам нов филм, се вика ‘Unhinged’. Јас не се заебавам со вас. Се вика ‘Unhinged’и ќе биде во кината.Тргнете“
Психолошкиот трилер „Unhinged“ ја раскажува приказната за Рејчел (Карен Писториус), која доцни за работа во сообраќаен метеж, трча во еден човек (Кроу), кој поради својата ментална неиздржливост наскоро станува смртоносна закана за неа и за сите што ги сака.