(ВИДЕО) Младиот пејач Дарко Гроздановски ставен на полиграф поради давање лажни изјави!

На нашата музичка сцена има секогаш место за нови и талентирани изведувачи. Еден таков е и младиот Дарко Гроздановски, кој вчера ја објави својата најнова песна…
Таа носи наслов „Трач“, а за потребите на истата, Дарко и неговата екипа снимија и доста интересен видеоспот, во кој се појавуват повеќе статисти.
Инаку токму Дарко е автор и на неговата песна, односно тој го направи и текстот, музиката и аранжманот.
„Се потрудив да создадам нешто поразлично од тоа што имаме прикика да гледаме на нашата естрада. Не велам дека тоа што моите колеги го создаваат не е добро, напротив, имаме премногу квалитетна музика, но ете, сакав да бидам барем малку поразличен. Се надевам ќе и се допадне на публиката, тоа ми е најважно“ – вели Гроздановски.
Да не должиме многу, погледнете, лајкнет е споделете:


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …