„Пена- парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“.
Поранешниот министер за безбедност на БиХ, кој во моментов е член на Претставничкиот дом на парламентарното собрание на БиХ, Драган Мектиќ, вчера на својот Твитер објавил видео на кое се фали за скокање во реката Укрина.
Мектиќ напишал: „Пена- парти на мојата река Укрина, мостарската ластовица моментално лета“.
Видеото го прикажува како скока во река, каде што има и многу пена.
Имено, како што пренесува Klix.ba, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска ја осудило забавата на Мектиќ, а Инспекторатот на Република Српска го испитува случајот.
Земени се примероци од вода за анализа бидејќи сде сомнева на ослободување на хемикалии во реката заради пената од забавата.
Klix.ba, исто така, известува дека пената што го покрила Мекиќ додека изведувал скок како ластовица е создадена од топови за пена.
Pjena parti na mojoj rijeci Ukrini trenutno leti mostarska lasta. pic.twitter.com/x5jzIWi3IY
— Dragan Mektić (@DraganMektic) July 12, 2020
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска вели дека е несфатливо хемикалиите да се пуштаат во реката за забава и дека ќе инсистираат на одговорност за сторителите.