А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници: Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед

Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1 Македонија и кон реализација на својата цел за  овозможување на дигиталната трансформација и во таа насока продолжува да ги охрабрува корисниците за користење на дигитални алатки. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, А1 Македонија стана пионир во дигиталната иновативност и премиум корисничко искуство на пазарот. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната вебстраницаналинкотwww.A1.mk/plati-smetka.

По циклусот извлекувања за пакет смарфони, од сега со активирање на електронска сметка корисниците на А1 автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.Во првото извлекување, на 5 август учествуваат сите корисници кои имаат активирана Е-сметка најдоцна до последниот ден од месецот јули 2020.


Право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, ситекорисницина А1 Македонијакои гиисполнуваатусловите и коиизвршиле и онлајнплаќањенаелектронскатасметкапрекуофицијалната веб страницата на А1 МакедонијаилипрекуапликацијатаМојот А1, учествуваатуштепоеднашволистатазаизвлекување, односноимаатдвојнопоголемашансазадобивањенаподарок.

Активирање на услугата Е-сметка може да се изврши преку апликацијата Мојот А1 во делот Сметки или со испраќање SMS порака со е-мајл адреса на корисникот на бесплатниот број 140410 додека бизнис корисниците можат да активираат Е-сметка со давање согласност за електронска сметка на линкот.


 

 


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …