Бред Пит е вистински обожавател на адреналин и брзина, но од таа причина на неговите деца не им е лесно. Според странските медиуми, тие бараат од него да го отстрани моторот, за да не се повреди. Досега, ова не беше голем семеен проблем, но сега кога разбраа за што станува збор – драмите се чести и може да траат доста време.
„Децата се навистина загрижени. Тие бараат од таткото да престане пред да се повреди“, рекол изворот и додал: „Сигурно, тоа е доза на адреналин. Иако моторот е негов страст со години, тој дури сега стана проблем бидејќи децата порано беа премали за да ја разберат опасноста што тој ја крие“, заклучил тој.