(ВИДЕО) „Мислев дека сум во депресија, но едноставно живеев во погрешна земја“: Шпанка го споделила своето искуство откако се преселила во друга земја!

Каде повеќе би сакале да ги воспитувате вашите деца?
Ана Гилдерслив, од родната Шпанија, се преселила во Америка со своето семејство, па со своите следбеници на Инстаграм и ТикТок ги споделува разликите во културите, а зборува и за тоа дека родителството е многу различно во овие две земји.
Таа во своето видео рекла дека родителството во Америка е „досадно“ и мислела дека е депресивна додека не сфатила дека тоа е само културен шок. Таа како главни разлики го наведува балансирањето на работата и животот. На почетокот на своето видео, младата жена се присетува дека некој еднаш и рекол – „Мислев дека сум депресивна, но едноставно живеев во погрешна земја“, а таа се согласила со тие зборови, сфаќајќи дека сега подобро ги разбира.

Таа вели дека Шпанците одат на различни социјални настани секој ден, дури и во работните денови, додека луѓето во САД обично си одат дома после работа и не се дружат. Таа наведува и дека Американците се достапни за дружење само за викенди, а тоа мора да се договори со недели, па и месеци однапред!
Повеќето родители во Шпанија ќе го поминуваат слободното време со своите деца и другите родители на игралиште, разговарајќи и спонтано се организираат за овие собири. Таа напоменала и дека во Шпанија сите роднини живеат многу блиску, додека во Америка одат од едниот до другиот крај на континентот за да ги видат своите сакани.



Со неа се согласуваат повеќето луѓе кои го гледале и коментирале нејзиното видео, повееќето од САД.

@_anagildersleeve My thoughts on parenthood/motherhood in the U.S🇺🇸 vs Spain🇪🇸 #cultureshock #livingabroad #livingabroadwithkids #motherhoodjourney #mothethood #momsoftiktok #momlife #momtok #spain #usa #fypシ #learnontiktok ♬ original sound – Ana Gildersleeve

„Работиме многу, малку сме платени, не можеме ни здравство да си дозволиме. Под стрес сме“, вели еден коментатор.
„Не можев да се согласам повеќе! Живеев во Шпанија една година и ми се допадна тоа што правевме различни работи во текот на неделата. Мразам кога треба да живеам од викенд до викенд“, додал друг.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …