(ФОТО) Род Стјуарт, поради болест, во последен момент го откажал настапот во Австралија

БРИТАНСКИОТ пејач Род Стјуарт во последен момент го откажал својот концерт во Австралија. Тој на Инстаграм само неколку часа пред планираниот настап напишал дека не може да пее поради болест.
„Ми рекоа дека имам вирусна инфекција и дека грлото ми е премногу болно за да пеам. Јас сум само човек и понекогаш се разболувам исто како вие. Мојата најголема радост е што настапувам за вас, па правам се што можам за да опоравам и да се вратам на сцената“, напиша Стјуарт на социјалната мрежа.

„Се извинуваме за разочарувањето и непријатностите предизвикани поради билетите. Дополнителни најави во врска со аранжманите на концертот ќе бидат објавени на почетокот на следната недела“, додал тој.



Имено, настапот требаше да се случи како дел од турнејата „A Day On The Green“ на музичарот. На концертот требаше да настапат и американската пејачка Синди Лаупер и пејачот од Нов Зеланд Џон Стивенс.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …