Промоција на второто издание на „Среќата е глагол” од Марковски во петок во 19 часот во Makka bar

На 24 март, петок, во 19:00 часот во Makka bar во Скопје ќе биде промовирано второто издание на „Среќата е глагол” од Стефан Марковски.
По 10 години од првото издание на оваа книга го имаме и второто, изменето издание со содржини кои инкорпорираат сознанија од современата психологија и наука со практични импликации за различни прашања врзани за феноменот среќа, кој секој од нас го доживува различно и по чијшто пат чекори различно.

This image has an empty alt attribute; its file name is Среќата-е-глагол-второ-издание.png


Едно од тие сознанија е и дијаграмот на А. Зузунага, кој индуцира и други шеми во контекст на носењето одлуки, земајќи ги предвид критериумите: професионализам, потреба (на светот), задоволство и платеност, односно страст, мисија, професија, вокација.

По успехот на првото издание, десет години минати во творечка и искуствена еволуција резултираа во „Среќата е глагол: второ издание”.


Модератор на настанот е ТВ водителот Ване Маркоски, а во рамки на истиот ќе има и DJ сет со Mitrik.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РЕМЕК-ДЕЛО НА СОЗДАВАЊЕТО“- самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер, Дарко Аницин

На ден 16.09.2024 година (понеделник) со почеток во 20:00 часот, во Галерија „КО-РА“ – голем …