(ВИДЕО) Брус Вилис снимен како го прославува својот роденден. Луѓето биле загрижени за два детали…

Поранешната сопруга на Брус Вилис, актерката Деми Мур, во понеделникот на Твитер објави видео од прославата на роденденот на Брус, но тоа загрижило некои од обожавателите на актерот.
Имено, фановите на видеото забележале дека Брус делува некако нестабилно на нозете, односно благо се сопнува и дека се гледаат трагите од тешката болест со која се бори, а забележале и дека му недостига преден заб.


„Каде му отиде предниот заб?“, се прашуваа некои фанови на Брус. „Ми се насолзуваат очите кога ќе го видам вака“, напишал еден корисник на Твитер, додека друг додал: „Не изгледа добро, многу сум тажен поради тоа“.
„Како е можно да му фали заб, а човекот да има милиони на сметката“, „Ми изгледа здрав, но знаците на болеста се очигледни, се гледа дека тешко се движи“, „Мојот мајката има деменција и гледајќи го ова видео гледам многу сличности“, се само дел од коментарите на загрижените фанови.
Сепак, под објавата преовладуваат претежно само позитивни коментари во кои луѓето го фалат Брус за доброто држење и неговото семејство кое го поддржува и помага.

Хеминг објави емотивно видео
Исто така, сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, објави видео за роденденот на актерот во неделата и тоа расплакало многу обожаватели на Брус.


Хеминг објави компилација од видеа, или споделени спомени, каде што може да се види како Брус си игра со своите ќерки, како разменува нежности со Ема и двајцата како добро се забавуваат на одмор.
„Тој е љубов што оди. Сите го сакаат. И јас секогаш ќе го сакам. Среќен роденден на моето најмило. Мојата желба за Брус е сите да ги испратите вашите молитви и добри вибрации бидејќи тој е чувствителна душа и тој ќе го почувствува тоа. Фала ви на сите ​​за вашата грижа“, напишала Ема во описот на видеото“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …