(ВИДЕО) Македонски славеј: Игор и Роберт ја изведуваат „Ни Бог нема право“

„Ни Бог нема право да не раздели, и тој гледа кога љубат вљубени…“
Така во домашна атмосфера пее Игор во придружба на Роберт- во живо, без филтери без ништо – си седнале и за душа си ја снимиле песната „Ни Бог нема право“ и откривме уште еден македонски славеј…
Инаку, Игор е студент на Музичката академија во Скопје (трета година)…
„Ја сакам и пеам македонската народна песна, особено од западниот дел од Македонија – песни на Благоја Грујовски, Дамјан Стојановски, Влатко Миладиновски, Спасен Силјановски…Инаку живеам во Велес и имам 21. година.Би сакал со ваша помош ова мое видео да дојде до јавноста со што ќе ми помогнете во почетоците на мојата музичка кариера“, ни напиша Игор Андреевски…Ние пак по преслушувањето на видеото побрзавме да го споделиме со вас и да ви претставиме уште еден македонски славеј.
Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …