(ВИДЕО) Македонија има неброени таленти: Слушнете го ангелскиот глас на Марија Спасовска!

Таа е 12 годишно девојче кое плени со својот моќен глас. Иако е само седмо одделение, со сигурност може да се каже дека и претстои убава и светла музичка кариера.
Нејзиното досегашно искуство е доста богато. Има издадено свое промотивно ЦД со вкупно 7. соло песни. Учествува и добитник е на награда за финалист од детска категорија при „Кастинг талент шоу“. Во истото шоу добива улога за мал ангел во првиот македонски мјузикл „Тајно Моја“. Има освоено и две награди со второ место на настапи во Минск, Белорусија и во Струга.
Марија има добиено награда за трето место во Витебск, Белорусија на Славјански базар со изведбата на песната „Црно и бело“ од Калиопи.
Марија Спасовска на пошироката јавност и стана позната со своите настапи на шоуто за млади музички таленти „Пинкови Ѕвездички“.
Последно нешто од младата Марија е одличната преработка на песната победник на Евровизија „Euphoria“ од Швеѓанката Лорен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …