Принцот Хари на 19. мај со глумицата Меган Маркле ќе застане пред олтарот. Парот одлучил да се повлече од јавноста за да што подобро се подготват за големиот ден.
Хари на Меган за свршувачката и дал прстен кој самиот го дизајнирал а во него се вградени дијаманти од колекцијата на починатата принцеза Дијана. Наводно, принцот на денот на венчавката на својата мајка ќе и оддаде почест. Бившиот кралски батлер Вилијам Френч, кој одлично го познава Хари вели дека е убеден дека принцот Хари на излегувањето од капелата Св. Џорџ ќе погледне во небото и ќе каже:„Мамо, го направив тоа!“.
Принцот Хари имал само 12. години кога неговата мајка загинала бегајќи од папараците во Париз. Од моментот на загинувањето на мајка си принцот оддалеку ги одбегнува фоторепортерите. Иако членовите на кралското семејство не им даваат изјави на медиумите секогаш ги поздравуваат, но не и Хари.
Френч вели дека принцот се променил откако ја зпознал својата идна сопруга.
Меган пак планира со посебен детал на денот на венчавката да и одаде почест на принцезата Дијана.
По објавувањето дека Маркле и принцот Хари го избрале цвеќето кое ќе го има на венчавката, откриено е дека нивната селекија потсетувала на трагично загинатата принцеза.
Според британскиот „Ел“, букетот кој ќе го носи невестата ќе биде сочинет од бели, градинарски ружи кои ја симболизираат Дијана. Лондонската цвеќарка Филипа Кардок ќе ги креира цветните аранжмани за кралската венчавка, како што е најавено од Кенсингтонската палата.
Исто така, како што известува таблоидот The Sun ќе доминираат ружи и тоа во чест на мајката на Хари.
Да потсетиме, во првото заедничко ТВ интервју на идниот кралски пар, Меган истакнала:„Важно ми е да знам дека и таа е дел од тоа со нас“.