(ВИДЕО) Кралот Чарлс ја шокирал светската јавност: „Гнил расист, сега сите и веруваме на Меган“

На социјалните мрежи кружи срамна снимка од кралот Чарлс, на која тој прескокнува црнец додека се ракува со ожалостените кои дојдоа да и оддадат почит на кралицата Елизабета.
Луѓето со неверување гледаат како Чарлс ги поздравува сите присутни по ред, а потоа намерно го прескокнува човекот пред него, кој сè уште се обидува да го фати за рака, но кралот Чарлс лично го тргнува од себе без воопшто да погледне во него. Единствената разлика помеѓу споменатиот човек кој е прескокнат и останатите луѓе е само тоа што има темна боја на кожата.
Луѓето не престануваат да го коментираат срамниот момент и цел свет е обединет во тоа дека полошо не можеле да видат.


„Овој човек не може ни да сокрие дека е расист“, „Каков расипан човек, се згрозувам кога гледам како му ја тргна раката“, „Ова е страшно и толку заостанато, знае ли стариот Чарлс во кое време живееме“, „И тогаш треба да веруваме дека не го искараа Хари поради Меган и дека таа не доживеа непријатност на суд“, се само дел од коментарите.
Според медиумите, сите африкански претседатели пристигнале на погребот на кралицата со истиот автобус, додека американскиот претседател Џозеф Бајден допатувал одвоено со целата претседателска придружба, што предизвика и критики за расизмот на членовите на кралското семејство.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …