(ФОТО) Бред Пит е во депресија, 15. часа не излегувал од студио: „Се обидувам да сфатам каде згрешив“

Бред Пит дебитирал како скулптор оваа сабота на групна изложба во уметничкиот музеј Сара Хилден во Тампере, Финска.
Делата на познатиот актер се појавуваат заедно со керамиката на музичарот Ник Кејв и делата на уметникот Томас Хаусаг по повод изложбата „We“ („Ние“) која ќе биде отворена до 15. јануари 2023. година.
Деветте дела на Пит на изложбата вклучуваат голема гипсена плоча што претставува пукање, како и серија силиконски скулптури во облик на куќа, од кои секоја е погодена со куршуми од различен калибар.
„Ова е за саморефлексија. Се работи за тоа каде сум згрешил во односите, каде сум соучесник“, рекол Пит на отворањето.

„За мене ова произлезе од она што јас го нарекувам радикален самоинвентар, станувајќи навистина брутално искрен со себе и земајќи ги предвид оние кои можеби сум ги повредил и моментите во кои згрешив“, објаснил 58-годишниот актер.
Актерот, наводно, се испробал во грнчарството по разводот со Анџелина Џоли, поминувајќи до 15. часа дневно во студиото на Хаусаг во Лос Анџелес во 2017. година. Тој изјавил за GQ во август дека не го смета неговото практикување на керамиката за уметност, туку „само, многу тивок и тактилен вид на спорт“.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …