(ВИДЕО) Стивен Спилберг го претставил својот најинтимен филм досега, трејлерот е магичен

Стивен Спилберг го претстави својот најинтимен и најличен филм до сега. „Фабелманови“ е полуавтобиографска приказна за раѓањето и детството на Спилберг.
Филмот следи момче во неговите најчувствителни години кое открива шокантна семејна тајна која потоа го поттикнува да се нурне во светот на кинематографијата. Самиот Спилберг и драматургот Тони Кушнер, добитник на Пулицерова награда, кој доби номинации за Оскар за претходните филмови на Спилберг, „Линколн“ и „Минхен“, се заслужни за сценариото.


Во актерската екипа се Габриел ЛаБел како 16-годишниот амбициозен режисер Семи Фабелман, Мишел Вилијамс како неговата мајка Мици, Пол Дано како неговиот успешен татко Бурт, потоа Сет Роген како Бени Лови, најдобриот пријател на Барт и почесен „вујко“ на децата Фабелманови, и Џад Хиршер како чичко Борис.

„Сакав да најдам начин да ги вратам мама и тато“
Филмот имаше премиера на филмскиот фестивал во Торонто, а Спилберг во таа прилика изјави дека се обидел „да најде начин да ги врати тато и мама“. Имено, неговата мајка починала во 2017. година на 97-годишна возраст, додека неговиот татко починал во 2020. година на 103-годишна возраст.
Спилберг рекол дека првично се надевал дека ќе му биде лесно да го сними овој филм бидејќи „ги познава ликовите цел живот“. Сепак, се покажало дека не е така лесно.
„Се покажа како застрашувачко искуство за мене бидејќи се обидов на полуискуствен начин да реконструирам огромен дел не само од мојот живот, туку и од животот на моите сестри, мајка и татко кои повеќе не се со нас“, изјавил режисерот.
Филмот ќе излезе на крајот на годината.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …