(ФОТО) ПРЕДИЗВИКАЛЕ РАЗДОР – На принцот Хари и Меган Маркл, пред погребот, им наредиле да се извинат за интервјуто со Опра

Принцот Хари и Меган Маркл добиле инструкции да го решат несогласувањето со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон предизвикано од нивното интервју со Опра.
Сега на парот му било кажано да се извини за интервјуто и да ги „признаат своите мотиви“ за интервјуто пред погребот на кралицата вчера.


Четворицата веќе се појавија заедно во јавноста по смртта на кралицата Елизабета, положувајќи цвеќе и видени се во Вестминстерската опатија.
„Тие мислат дека требало да испратат порака дека не можете само да ги кажете овие крајно вознемирувачки работи без последици“, рекол изворот.

View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (Info) (@harry.dukeofsussex)



За време на интервјуто со Опра во 2021 година, Хари и Меган зборуваа за нивното заминување од кралското семејство. Тие исто така открија дека имало „загриженост“ за бојата на кожата на нивниот син Арчи. Меган признала дека се чувствувала лошо, но не и било дозволено да добие помош, а парот исто така открил дека тајно се венчале пред кралската венчавка.


Интервјуто предизвика тензии меѓу кралското семејство, при што Хари и Меган, наводно, не биле поканети на државниот прием што го одржа кралот Чарлс во Бакингемската палата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …