(ВИДЕО) Кинезите имаат вистински летечки автомобил, позната цената и терминот на пристигнување

Кинески производител забрзано работи на развој на летечки автомобил и се рангира меѓу технолошките лидери во оваа сè поинтересна варијанта на транспорт.
Не долго откако го направи првиот јавен лет на својот прототип од петтата генерација во Дубаи, XPeng ѝ ја покажа на јавноста својата нова и многу посериозна работа. И додека X2 и визуелно повеќе летало на типот VTOL (Vertical Take-Off and Landing – Вертикално полетување и слетување) беа прикажани претходно, ова е буквално летечки автомобил.


XPeng Aero HT е далеку посериозен проект. Ова е буквално автомобил кој изгледа како да има прицврстен дрон. Беше претставен на XPeng 1024 Tech Day, настан на кој кинеската компанија претстави голем број интересни иновации.

This image has an empty alt attribute; its file name is letecki-avtomobil-1.jpg


Aero HT има два погонски мотори од безбедносни причини, а и покрај „тешката“ конструкција, производителот тврди дека е максимално поедноставен за да може што побрзо да се комерцијализира готовиот производ. Очекувано, најкомплексен дел ќе биде системот за склопување и расклопување на погонскиот систем за лет. Се очекува да се појави во продажба веќе во 2024. година, а по почетна цена под 155.000 американски долари.
Претходно претставениот X2 е авион со две седишта со вертикално полетување и слетување кој се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото. Максималната вкупна маса е 760 кг, лета со брзина до 130 км/ч, а опсегот на работа е околу 35 минути.

Фото: Принтскрин/YouTube, XPeng


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …