(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО И БИЗАРНО – ХЕРКУЛЕС ОД ИНДИЈА УБИЛ КОБРА: Рептилот му ги потопил забите во кожата, а потоа момчето двапати силно каснало!

Британскиот Daily Mail објави интересна и неверојатна приказна дека 12-годишно момче убил кобра, која му се завиткала околу раката и ги зарила нејзините заби полни со отров во неговата кожа, а потоа тој ја каснал, а така се родила неверојатна приказна на преживување.

Имено, според Daily Mail, момчето по име Дипак Рам (12) во понеделникот на 27. октомври било нападнато од змија во селото Пандрападах во централниот индиски регион Чатисгар. Како што е наведено, кобрата го нападнала момчето додека тоа си играло со сестра си недалеку од неговата куќа, му се замотала околу раката, и се исправила и потоа во раката му ги забила острите заби полни со отров.


This image has an empty alt attribute; its file name is dete-i-kobra-1.jpg
Борејќи се со болки, момчето се обидело да се ослободи од рептилот, но не успеало, а потоа ја каснало кобрата и ја убил со заби.
„Два пати ја гризнав силно. Се се случи во миг“, изјавило ова 12. годишно дете. Плашејќи се за животот на момчето, родителите го однеле во блиската болница, каде му дале серум и го оставиле на набљудување за да го следат неговото здравје.


Лекарите со преглед утврдиле дека момчето добило таканаречен „сув залак“, што значи дека кобрата се уште не го испуштила својот отров во телото, што укажувало дека момчето имало среќа, а потоа и храброст, што по каснувањето, тој не бил парализиран, туку са го убие овој злобен рептил.
„Дипак не покажал никакви симптоми и брзо се опоравил поради сувото каснување кога ќе касне отровната змија, но отровот не се ослободува“, изјавил експерт за змии за The New Indian Express.
Сувите каснувања често ги даваат возрасните змии кои имаат целосна контрола врз дистрибуцијата на отровот од нивните жлезди.Змиите користат отров за да го убијат својот плен или кога се борат со опасните предатори. Сувите каснувања често се случуваат кога змијата се обидува да ги предупреди или исплаши животните, наместо да ги убие.
Областа Јашпур каде Дипак се борел со кобрата е позната по големата активност на влекачите. Во тој регион живеат повеќе од 200 видови змии. Една неодамнешна студија покажала дека од 63.000 луѓе за кои се проценува дека умреле од каснување од змии во 2019. година, 51.000 биле убиени во Индија.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …