(ВИДЕО+ФОТО) 56-ГОДИШНА ЖЕНА РОДИЛА ДЕТЕ НА СИНОТ И СНААТА: „Благодарна сум за породувањето, но тажна сум затоа што не го носам бебето дома“

Ненси Хок се породила и на свет ја донела својата внука Хана, која е петто дете на нејзиниот син Џеф.
Ненси Хок (56) е жена која штотуку ја родила својата внука. Имено, оваа жена им понудила на синот и на снаата да го родат нивното дете, откако на снаата Камбриа морала да и биде отстранета матката.
Двојката со задоволство ја прифатило оваа понуда од мајката на Џеф, иако веќе имале четири деца родени ин витро.
Сега Ненси се породила и родила девојче на кое по нејзина желба и го дале името Хана.
Имено, кога Ненси забременила слушнала глас кој и вели „Се викам Хана“. Таа го доживеала ова искуство како нешто неверојатно и без двоумење знаела дека носи девојче. По девет часа породување ја родила својата внука.

View this post on Instagram

A post shared by Nancy Hauck (@nancyhauck)


„Колку луѓе можат да гледаат како нивната мајка се пораѓа?“, прашал Џеф (33), кој ова искуство го смета за „преубаво“.
„Навистина е посебно што тоа ќе биде мое дете“, рекол тој.
Неговата мајка вели дека сега се чувствува благословено, но е малку тажна бидејќи нема да го носи бебето дома со себе.
„Тоа е мешавина од длабока благодарност и одредена тага поради разделбата“.


А како дошло фо тоа бабата да ја роди својата внука?
Ненси се понудила да стане сурогат мајка за нејзиниот син Џеф (33) и неговата сопруга Камбриа (31), откако нејзината снаа направила спасоносна хистеректомија по трауматичното раѓање на нивниот втор пар близнаци, објавија странските медиуми.
„Неколку месеци после тоа одеднаш имав чувство дека треба тоа да го понудам. Му кажав на син ми и тој плачеше и беше шокиран, а мојот сопруг тогаш не ни знаеше што правам. Но, тој навистина ми даде поддршка. …“, вели Ненси.

This image has an empty alt attribute; its file name is nensi-kuk.jpg


Младиот пар се борел шест години пред да ги добијат близнаците Вера и Ива (4), а потоа Дизел и Лука (2) преку ин витро оплодување. Џеф и Камбриа сонувале да имаат повеќе деца, но не беа сигурни на кој пат да одат кога на Камбриа и беше советувано да се подложи на хистеректомија (отстранување на матката) по нејзината последна бременост во септември 2021. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната фолк пејачка Благица Павловска

Благица Павловска е родена на 4 декември 1958 година во Скопје. Таа е позната македонска …