Сè уште се зборува за коментарот на Доналд Трамп за објавувањето на топлес фотографијата на Кејт Мидлтон во 2012 година.
Тоа било некаде на почетокот на нивниот брак кога принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заминале на одмор во Франција. Во таа прилика Кејт се соблекла топлес и влегла во базенот, несвесна дека папараците се зад грмушките. Следниот ден градите на принцезата „беа расфрлани“ низ цела Франција. Тоа бил огромен неуспех на ПР тимот на тогашната војвотка и денешната принцеза од Велс.
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, тогаш на својот Твитер напишал:
„Кејт Мидлтон е одлична – но не требаше да се сонча гола – значи самата си е виновна“.
Кралскиот биограф вели дека тие зборови предизвикале буица од пцости од тогашниот принц Чарлс и принцот Вилијам кои не можеле да му простат на Доналд Трамп за овие зборови.
Трамп, каков што е, еднаш го нарече принцот Чарлс „принц на китовите“. Тоа било доволно за принцот Чарлс да го замрази Трамп, тврдат биографите.
Кралскиот биограф Андерсон во својата нова книга тврди дека некои членови на кралското семејство не биле воодушевени од посетата на Доналд Трамп на Велика Британија во 2017 година.
Инаку, во 2017. година, Кејт и Вилијам добија отштета од неверојатни 120.000 долари за објавувањето на споменатите фотографии“, изјавил тогаш Вилијам.
Фото: ontime24