Ребел Вилсон и нејзината девојка Рамона Агрума се вериле по само седум месеци врска.
Двојката ја објави свршувачката на забавата на Казамигос по повод Ноќта на вештерките.
„Тие се бакнуваа во ќошот и им кажуваа на сите колку се возбудени што се вериле“, изјавил извор за Page Six.
И Ребел и Рамона носеа веренички прстени.
View this post on Instagram
Австралиската актерка во јуни откри дека е во врска со Рамона, дизајнер на облека и накит и сопственик на брендот Lemon Ve Limon.
View this post on Instagram
„Мислев дека барам принц од Дизни, но можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“, напишала актерката.
View this post on Instagram
Пред Рамона Ребел беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирус. Тие за прв пат се појавија заедно во јавност на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram