(ВИДЕО) Ќерка на осуден за „Диво Насеље“ со закани и обвинувања за Али Ахмети

Ќерќата на Фадиљ Фејзулахи во видео изготвено од порталот Алмакос го обвинува лидерот на ДУИ , Али Ахмети дека тој со својата група го организирал случајот „Диво Насеље“. Таа тврди дека нејзиниот татко не е терорист а за настаните во Куманово не се виновни осудените туку лидерот на ДУИ.
Таа во видеото вели дека Ахмети не треба да заборава дека албанските земји сеуште имаат многу жени како Шота Галица.
Шота Галица родена во 1895. година како Ќериме Халил Радишева била Качак и албански востаник против српските власти на Косово во периодот меѓу 1912. до 1921. година по што до крајот на животот живеела во Албанија каде умрела во 1927. година.

Фотографија од Шота Галица и нејзиниот сопруг Азем Галица од околу 1920. година


Шота Галица се смета за една од најголемите албански хероини во борбата за обединување на албанските земји поради што во соседна Албанија е прогласена за народен херој.

Видеото може да се гледа на Фејсбук страната на Газета Лајм.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …