(ВИДЕО) Јутјубер со камионет прескокнал поток па заработил ОГРОМНА КАЗНА!

Иако потокот се наоѓа на приватно земјиште, тој ќе треба да платат казна и да го санира потокот.
Јутјуберот Super Street 717 на почетокот на оваа година објавил видео во кое тој скока над потокот зад воланот на нов камионет вреден речиси 100.000 американски долари, а потоа кратко време возел по самото корито на потокот. Набргу потоа, следела анонимна пријава до властите, и конечно реагирала државната комисија за риби и пловила, која има право да ги следи сите водни патишта во својот домен со издавање дозволи за риболов и регистрација на пловни објекти. И’ овој поток припаѓа тука иако е на приватно земјиште.
На крајот, против јутјуберот се поднесени 18 кривични пријави поврзани со нарушување на водниот канал, загадување, уништување. Судот на крајот одлучил дека јутјуберот со вистинско име Мајкл Хисонг мора да плати 53.000 американски долари за рехабилитација на потокот и ќе мора да се приклучи на програмата за општокорисна работа една година, пишува „York Daily Record“.


„Немав идеја дека е нелегално да се вози низ потокот. Јас сум човек од околината, пешачам и никогаш не сум ја уништил природата. Не сум тип што ги уништува природните ресурси”, рекол Хисонг, во меѓувреме отстранувајќи го видео материјалот од YouTube.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …