(ВИДЕО) Јовица Михајловски „ја исплука“ реклама на „Златен даб за светско“: Еве како ја „преправи“ – Оригинално, вистинито и духовито!

Не знам за вас, но во она „брдо од реклами“ кои МТВ ги емитуваше во изминатите 30. дена додека траеше СП во Русија, според здодевноста ни се издвои онаа за пивото „Златен даб за светско“ во која единствен монолог (добро, се кажуваат уште неколку збора) беше: еј дечки, уште едно, еј, дечки, еј, еј, пак има, еј, дечки еј,еј,еј…
Поентата беше јасна, но дали авторите на спотот не виделе какви реклами се снимаат за најпопуларниот летен но и за фудбал пијалок – пивото, не ни е познато но ова беше нешто „најбедно“ што сме го виделе.
А, за „Златен даб“ сме виделе многу покреативни и оригинални рекламни слогани и спотови…


На актерот Јовица Михајловски пак оваа „ступидна“ реклама му дошла како инспирација за фантастичен скеч-коментар:„Одлична е рекламата за Златен даб, со Оливер Митковски…Универзална. Поздрав, Оли“.
Погледнете:


Одлична е рекламата за Златен даб, со Оливер Митковски…Универзална. Поздрав, Оли.


Gepostet von Jovica Mihajlovski am Samstag, 14. Juli 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …