(ВИДЕО) Треба да кречите: Бубо Каров, поетот за бои, има одличен совет!

Доколку го следевте светското првенство во фудбал не можевте да не го забележите Бубо Каров во рекламата за бои за кречење.
И, рака на срце – тоа беше малку здодевно, толку често…Не, дека имаме нешто против Бубо Каров или производот кој се рекламира, напротив – секогаш е добро да се дознае нешо ново, но иако рекламата е снимена пред една година, пречи што еден јавен функционер гледаме во пропагандна порака.
Навикнати сме да ги гледаме во некои спотови (обично за некои избори), но вака не…
Сепак, Бубо Каров рекламата ја снимил во јуни 2017., а советник на министерот Роберт Поповски станува после 21. јули, истата година. Значи,нема злоупотреба на функцијата, но сепак е необично, без оглед што Бубо Каров како Цацко Конопишки е многу познат лик.
Ако пак случајно не сте ја запамтиле или виделе рекламата ќе ве потсетиме на поетичноста на Бубо Каров…„вистинска поезија“.
„Поларно бело од јужен до северен пол – Макси пол“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …