(ВИДЕО) Ја оставил ден после венчавката: „Неговата мајка барала да избира помеѓу мене и неа!“

ВИДЕО во кое корисничката на ТикТока Џилијан опишала како нејзиниот сопруг ја оставил следниот ден по свадбата, наводно затоа што мајка му го побарала тоа, стана хит.
На видеото кое собрало над 14. милиони прегледи, таа раскажала дека се омажила во Мексико на една убава венчавка, но сето тоа, како што тврди таа, тргнало наопаку кога мајката на нејзиниот сопруг организирала „интервенција“, наводно затоа што била љубоморна што Џилијан добивала поголемо внимание од неа.
“Таа побарала мојот сопруг да избере помеѓу мене и неа. Потоа тој го извади прстенот и ме остави буквално на денот на венчавката”, тврди таа.

@jillian_dianatrue story. ##fyp ##foryoupage ##putyourfingerdown ##HurtMyFeelings ##SongOfTheSummer


♬ original sound – jillian_diana


Во продолжение таа објаснила дека мора да се исели од заедничкиот стан, а кога по карантинот сакала да разговара со нејзиниот сопруг за разводот, и било кажано дека е невозможно затоа што тој се преселил.
Видеото брзо стана вирално, а Џилијан објавила уште едно видео во кое биле вклучени фотографии од венчавката.

@jillian_diana##greenscreen


♬ original sound – jillian_diana

Според британскиот „The Sun“, сестра на нејзиниот бивш се огласила на Твитер, прогласувајќи ја Џилијан за лажга, коментирајќи дека тие се „здраво семејство кое секогаш се држи заедно“ а врската на нејзиниот брат со неа ја нарекла „огромна грешка“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …