(ВИДЕО) Интервју Јовче Пандев: „Иницијативата на ‘Дојран Рок Фест’ дава придонес за враќање во културолошка нормалност!“

– Со своите фанови на Фејсбук ги споделуваш сите свои „доживувања“ како да сакаш „потполно да се соголиш“ пред нив?
Се се тоа мои пријатели. А врвната релација со пријател е слободата. И воопшто со животот. Тоа е само слобода на израз.

This image has an empty alt attribute; its file name is jovce-pandev.jpg


– Мора да се забележи дека секоја твоја песна, видео се сериозно работени, како да внимаваш на секој тон, збор. Може ли да се каже дека тоа е дел од твојата личност – се’ да биде како што треба?
Не само јас. Сите ние кои сме дел од тоа. Фала за таквиот благослов. И не одговорно е да биде поинаку.

– Јовче Пандев е често на сцената, не одбиваш ниту хуманитарни настани на кои многу твои колеги ретко се присутни?
Тоа е личен избор и благородно чувство на задолженост.


– Оваа година со „Афродизија“ си и меѓу кандидатите на наградата „Милан Младеновиќ“. Како реагираше кога дозна за тоа?
Еее… многу убаво ми дојде. Се зарадував. Тоа е просто, златен простор за секој директно да стигне до уважување на трудот.


– Ќе настапиш на „Дојран рок фест 2022“ – дали е тоа уште еден предизвик на македонската публика да и се донесе квалитет и да и се помогне во одвојувањето од кичот кој „не гуши“ со децении?
Тоа е пред се одговорност и ни е многу мило што не поканивте. Секако, секаква ваква иницијатива дава допринос за враќање во културолошка нормалност.

– Неодминливо прашање е присутноста на македонските радија но и тв канали во провомирањето на македонската музика. Нема емисии, нема македонска музика – не е ли време на еден начин да се обедините и да направите притисок бидејќи на мак тв канали македонска музика може да се слушне само „кога сите спијат“?
Ваквите проблеми се решаваат со разум и доблест. Додека стигнеме до таму, треба директно да посочиме кај е проблемот. Со прст и гласно говорење.

Г.О.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …