(ФОТО) Ја глумеше Семи Џо во „Династија“, ја чекаше перспективна иднина, но пристигнаа и пороците: Каде е денес?


Американската актерка Хедер Локлир остана запаметена по улогата на Семи Џо од „Династија“, како и Аманда Вудворд во серијата „Мелроуз Плејс“.
Поради убавината добила прекрасни хонорари, а и биле понудени многу одлични улоги. Кариерата ја држела под контрола додека не почнала да пие, а потоа следеле и други зависности.


View this post on Instagram

A post shared by @richie_ava_heather


Влегувала во врски без многу размислување, а откако ќе испиела алкохол знаела да биде многу незгодна. Нејзините врски со Томи Ли и Ричи Самбора, со кого ја доби ќерката Ава, често ги исполнуваа страниците на американските таблоиди.


This image has an empty alt attribute; its file name is heder-loklir-pred-lekuvanje-819x1024.jpg
Хедер често знаела да прави скандали за кои многумина ја осудувале, а доаѓала и во судир со законот.
Актерката била уапсена во Калифорнија во 2008. година поради возење во алхоколизирана состојба. Тестовите покажале дека, покрај алкохолот, Хедер Локлир земала и одредени опијати. На почетокот на 2017 година, таа повторно отишла во центар за рехабилитација за одвикнување од дрога и алкохол.


Покрај одвикнувањето од алкохол и опијати, Хедер имала проблем и со „навлеченост“ на пластични операции. Некогашната бомба во деведесеттите, денес е речиси непрепознатлива.
Неодамна и било понудено да се врати на старата професија, а таа рекла дека размислува да ја прифати понудата.
И покрај се пријателите не ја заборавиле и ја оставиле на цедило, па се надева дека со нивна помош ќе успее да се извлече од проблемот и да продолжи да го води животот што го водела претходно.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Атанас Петров со нов сингл „Манири” – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената, Атанас Петров продолжува да чекори по …