(ВИДЕО) Хју Џекмен за интервјуто на деценијата:„Отворено. Храбро. Искрено. Достоинствено“ – И’ дал совет за сите кои имаат суицидни мисли!

Хју Џекмен го коментирал „Интервјуто на Деценијата“ на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркле и давал совети на секој што размислува за самоубиство.
Актерот изјавил дека милиони вчера гледале „со воодушевување“ како „жена со висок профил“ и нејзиниот сопруг „отворено, храбро, искрено и достоинствено“ зборуваат за најтешките моменти од нивните животи.
Тој особено се осврнал на нарушеното ментално здравје на оваа двојка, како и на признанието на Меган Маркле дека имала самоубиствени мисли.
Како што наведува во видеото што го објави на својот Инстаграм профил, „кога некој ќе побара помош, ние мора да ги слушаме“, и тој истакнал дека секогаш треба да се бара помош.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)


„Синоќа мислев дека сите треба да го видат ова, секогаш барајте помош, не сте сами. Дури и кога не ќе ја пронајдете веднаш, одете на друго место, продолжете да ја барате, помошта секогаш е тука некаде”, рекол Џекмен, кој е во ѕправен одбор на организација која се бави со превенција на самоубиства.
„Ви благодарам, Меган и Хари, за вашата храброст“, заклучил Џекмен.
Принцот Хари и Меган Маркле ја разбрануваа светската јавност со интервјуто со Опра Винфри во кое тие презентираа шокантни причини зошто го напуштиле кралското семејство.


Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …