Новиот американски филм за суперхерои „Тор: Љубов и гром“ се снима во Австралија повеќе од еден месец, пишуваат странските медиуми. На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од снимањето, кои откриваат нови детали за филмот и прикажуваат како ќе изгледаат актерите во нивните ликови.
На најновите фотографии за прв пат е прикажана и актерката Натали Портман, која има улога на женски Тор. Таа повторно ја игра улогата на Џејн Фостер, но овој пат обдарена со моќта на чеканот на Тор.
На последните фотографии од снимањето на филмот, Натали е видливо добро набилдана и во форма. Нејзините обожаватели се воодушевени поради тоа што Натали всушност ќе го игра ликот на женски Тор.
Natalie Portman (The Mighty Thor) flexes her muscles in this new images from the set of ‘THOR: LOVE AND THUNDER’ 🚨 pic.twitter.com/W9JOI0kgHm
— cosmic (@cosmic_marvel) March 7, 2021
„Отсекогаш ја сакав Натали. Уште кога глумеше во филмовите од серијата ‘Војни на ѕвездите’, кои ги гледав како дете. Таа ќе биде феноменален Тор’, напишал еден од корисниците на Твитер.
Фото: Принтскрин/Instagram