(ВИДЕО) Ѓоковиќ во шокантен документарец за бегалците и тортурата во Австралија

Новак Ѓоковиќ се нашол во документарен филм во издание на „Middle East Eye“, а темата е задржувањето на бегалците во Австралија.
„Притворот на Новак Ѓоковиќ во Австралија уште еднаш ги расветли садистичките закони за бегалци во земјата, кои оставија илјадници баратели на азил со години заробени во кампови на море и соочени со насилство, траума и смрт“, се вели во трејлерот на филмот.
Целиот филм трае 22. минути, а вклучена е и приказната за Новак.
Така за потребите на филмот е снимено видео на 9. јануари кога траеше сагата за Новак и поништената виза.
„Јас сум еден од 33-те луѓе кои живеат во овој затвор Парк, во центарот за тортура. Па сега сме 34. бидејќи Новак Ѓоковиќ дојде да ни се придружи во затворот во четвртокот. Жал ни е што и тој беше затворен, но ние ве прашуваме, зошто е неопходно присуството на славна личност за некој да ни обрне внимание? Тој е човек, исто како нас“, изјавил во документарецот еден затвореник од Бангладеш.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-odbiena-viza.jpg
На крајот, нараторот само изјавил дека Новак накратко ја расветлил приказната за озлогласениот хотел, заклучувајќи дека вниманието веќе е префрлено на други приказни и дека секој е сè уште препуштен сам на себе.
Хотелот се наоѓа во делот на градот наречен Карлтон и кој делува како место каде живеат претежно студенти, впрочем, Универзитетот е многу блиску.
Иако не се забележува кога ќе го погледнете целиот пејзаж, штом ќе се приближите можете да почувствувате дека се работи за нешто различно.
И ќе забележите дека да не ги видевте пораките со креда насекаде „Ова е затвор“, „Тука се заробени невини луѓе“.
Тие напишале и пораки кои му биле испратени и на Новак.



Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …